24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen ќе ги произведува најубавите концепти

Citroen ќе ги произведува најубавите концепти

citro1

Некои од најубавите концептни возила кои ги претстави „Citroen“ во последните неколку години, наскоро ќе бидеме во можност да ги видиме и на патиштата.

Еден од шефовите на „Citroen“, Пјер Монферини највави дека концептот „DS Wild Rubis“, кој имаше европска премиера во Франкфурт ќе влезе во производство. Меѓутоа челниците на компанијата се уште не одлучиле дали овој автомобил ќе биде понуден и на европскиот пазар.

Потсетуваме дека станува збор за луксузен урбан кросовер со должина од 4.7 метри кој за првпат беше прикажан во април на саемот во Шангај.

citro2

„Citroen“ сепак планира и наследник на својата „топ“ лимузина „C6“. Новиот модел би се произведува во рамките на подмарката „DS“, а ќе биде заснован на концептот „Numero 9“, еден од највпечатливите автомобили кои во последно време излегоа од дизајнерските студија на „Citroen“.

Сепак, прашање е во која мерка продукциските модели ќе го задржат дизајнот на оргиналниот концепт, со оглед дека Монферини призна дека во „Citroen“ го разгледуваат надворешниот изглед на идните модели.

Монферини откри дека „Citroen“ подготвува и мал кросовер во сегментот во кој припаѓаат „Peugeot 2008“ и „Renault Captur“, како и наследникот на актуелната генерација на моделите „C5“ и „C1“. И додека за „C5“ веројатно ќе мораме да почекаме малку подолго, на „Citroen C1“ веќе се работи и неговата премиера може да се очекува на саемот за автомобили во Париз во септември 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП