5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска мапа на „работници и неработници“

Светска мапа на „работници и неработници“

mapa12

Нај веб-сајтот „Tumblr“ беше објавена мапа од светот со интересна легенда која покажува во кои земји членки на ОЕЦД луѓето најмногу работат, односно најмалку работат.

„Мапата на работниците и неработниците“ покажува како стојат работите по ова прашање во некои од најголемите земји во светот, пренесува Франс прес.

На картата со кафена боја се означени земјите во кои луѓето најмногу работат, додека со сина боја се означени земјите во кои има најмногу „неработници“.

За оваа статистика сајтот ги користеше податоците од ОЕЦД, пресметувајќи ги просечните дневни часови поминати на работа и просечна старосна граница во која работниците заминуваат во пензија во овие земји.

Како што може да се види, неработењето најмногу го сакаат Французите, додека на спротивниот крај на спектарот се Јужна Кореја и Мексико.

mapa12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП