24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ претстави акционен план за регулирање на дигиталните средства

ММФ претстави акционен план за регулирање на дигиталните средства

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) откри акционен план од девет точки за тоа како земјите треба да ги третираат дигиталните средства, при што првата точка е криптовалути како што е биткоинот да не му се одобри статус на легално средство за плаќање.

Одборот на директори на ММФ го разгледа истражувањето „Elements of Effective Policies for Crypto Assets“, кое на земјите-членки на ММФ им даде увид во тоа што би можело да биде соодветен законодавен одговор на крипто средствата, пишува Ројтерс.

Напорите за регулирање на дигиталните средства станаа приоритет за властите, по колапсот на бројните крипто берзи и средства во изминатите неколку години, велат од фондот.

Најважната препорака е „да се зачува монетарниот суверенитет и стабилност преку зајакнување на рамката на монетарната политика и на крипто активата да не се доделува статус на официјална валута или законско платежно средство“.

ММФ го критикуваше Ел Салвадор кон крајот на 2021 година, кога централноамериканската земја стана првата што го усвои биткоинот како законско средство за плаќање. Криптовалутите како средство за плаќање оттогаш се усвоени од Централноафриканската Република.

Друга ставка на листата вклучува заштита од прекумерни приливи на капитал, усвојување недвосмислени даночни правила и закони поврзани со крипто средствата и воспоставување надзор за сите учесници на пазарот на крипто.

Земјите, исто така, треба да создадат меѓународни аранжмани за подобрување на надзорот и спроведувањето на прописите, како и да воспостават начини за следење на влијанието на криптовалутите врз стабилноста на глобалниот монетарен систем, додава ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП