19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТЕТЕКС АД за 2022 година оствари добивка од 1,1 милиони евра

ТЕТЕКС АД за 2022 година оствари добивка од 1,1 милиони евра

Вкупни приходи

ТЕТЕКС АД за периодот јануари-декември  2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех.

Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 51.702 илјади ден, и истите се  резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на готови производи и стоки.

Останати приходи  изнесуваат 83.117 илјади, и во нив се вклучени приходите од продажба на материјални средства 9.878 илјади ден., вредносно усогласување на залихи 7.697 илјади и проценка на недвижен имот  65.542 илјади ден.      

За тековниот период во финансиските приходи  од 28.741 илјади ден, се евидентирани  приходи од  примени дивиденди во износ од 28.615 илјади ден, додека минатата година  приходи од примени дивиденди изнесуваа 66.471 илјади.

Вкупни расходи

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – декември 2022 година изнесуваат 74.082 илјади денари и во споредба со истиот период во 2021 година, кога изнесувале 58.055 илјади ден, бележат зголемување  за 28 %.

Дивиденда

Нa 30.03.2022год. е одржано Годишното Собрание на акционери на кое се одлучи за распределба на дивиденда. Дивидендата по акција изнесуваше 110 ден,односно вкупно 45.559 илјади денари. Истата  се исплати во законски предвидениот рок.

 Инвестиции

Во периодот е инвестирано во  набавки на градежи и опрема во износ од 7.734 илјади денари.

Обврски по кредити

На  31.12.2022 год.  задолжувањата по краткорочни заеми и кредити изнесуваат 70.617 илјади денари.

Финасиски резултат

Остварената добивка  за периодот пред оданочување  изнесува 72.822 илјади ден, а  добивката по оданочување изнесува 67.919 илјади ден.

Планови-очекувања

Напорите на менаџментот на ТЕТЕКС АД, во  постоечките  услови на работа, се насочени кон менаџирање на постоечките расположиви капацитети на недвижен и движен имот, како и залихите на материјали, производи и стоки, за да се оствари приход  и задоволителен позитивен резултат од работењето.

За периодот 01.01-31.12.2022 год. ТЕТЕКС АД поднесува и консолидирани финансиски извештаи. Во консолидацијата е вклучен Петролгас ДООЕЛ, како и  ТТК банка, по методот на основна главнина.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП