Според Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка за 31.12.2022 година, донесена од Надзорниот одбор, Комерцијална банка АД Скопје планира да подели по 500 денари бруто дивиденда за 1 обична акција.
Собранието на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје е закажано за на 29.03.2023 година, а датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2022 година е 18.04.2023 година.

