18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНема правила за Кристијано Роналдо кога вози низ Ријад(ВИДЕО)

Нема правила за Кристијано Роналдо кога вози низ Ријад(ВИДЕО)

Се чини дека Кристијано Роналдо тешко се справува со сообраќајниот хаос во Саудиска Арабија.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како автомобилот на Роналдо вози по тротоар и влегува на главна улица додека другите возачи нервозно свират.

„Легендата Кристијано Роналдо вози по тротоар. Се надеваме дека ќе биде уапсен што е можно поскоро“, пишува на снимката што се појави на „Твитер“.

Но Роналдо многу тешко ќе заврши во затвор поради ова, можно е да добие само парична казна. Инаку, во Ријад живеат над 7 милиони луѓе, па сообраќајот е многу често хаотичен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП