4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРоснефт очекува 14 милијарди долари добивка оваа година

Роснефт очекува 14 милијарди долари добивка оваа година

The Kremlin is reflected in the polished

Најголемиот руски производител на нафта, државниот „Роснефт“, прогнозира дека нето добивката во оваа година ќе порасне на речиси 14 милијарди долари.

До пораст на добивката ќе дојде благодарение на аквизацијата на поранешното заедничко инвестирање со „Бритиш Петролеум“ –ТНК-БП.

„Очекуваме нето профит од 439 милијарди рубљи (13,8 милијарди долари), изјави извршниот директор на „Роснефт“ Игор Сечин, пренесува агенцијата Франс прес.

Доколку прогнозата се оствари, профитот на „Роснефт“ значајно ќе се зголеми во однос на минатогодишното рекордно ниво на заработка од 342 милијарди рубљи (10,7 милијарди долари).

Сечин прогнозираше дека „Роснефт“ оваа година ќе произведе 207 милиони тони нафта и 42 милијарди кубни метри гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП