17 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕКардиолог предупредува: Доколку го забележите овој симптом додека лежите на грб, срцето...

Кардиолог предупредува: Доколку го забележите овој симптом додека лежите на грб, срцето не ви работи правилно!

Срцевата слабост е многу сериозен здравствен проблем.

Се јавува кога срцето веќе не е во состојба да пумпа доволно крв, што значи дека не го обезбедува потребното снабдување со крв на телото. Фактори на ризик за оваа болест се високиот крвен притисок, дебелината, прекумерното консумирање алкохол и возраста. Лекарите препорачуваат да започнете со лекување веднаш штом ќе ја добиете дијагнозата.

Бројот на заболени од срцева слабост постојано се зголемува и се очекува до 2040 година двојно повеќе луѓе да заболат од оваа болест. Се проценува дека 1-2 отсто од вкупното население на развиените земји има срцева слабост, а само 50 отсто од пациентите со напредната болест преживуваат пет години, според Американското здружение за кардиоваскуларно здравје.

Ако срцевата слабост е релативно честа болест, многу луѓе не знаат кои се нејзините симптоми. Еден од нив е особено индикативен и не треба да се игнорира. Тоа е отежнато дишење додека лежите, познато и како ортопнеја.

-Во нормални околности, кога ќе легнете, крвта непречено би патувала до вашите екстремитети и би се вратила во срцето, меѓутоа, доколку страдате од срцева слабост, срцето не може да се справи со зголеменото количество крв. Тоа доведува до акумулација на течност во белите дробови и следствено, до отежнато дишење – објасни експерт за оваа болест од Универзитетот во Мичиген.

Доколку го забележите овој симптом кај себе, важно е да разговарате со вашиот лекар што е можно поскоро и да ги преземете неопходните чекори за да го подобрите здравјето на вашето срце.

Други потенцијални симптоми на срцева слабост на кои исто така треба да внимавате се:

Диспнеа (отежнато дишење);

Прекумерен замор;

Послаби физички перформанси;

Оток на долните екстремитети.

Поретки симптоми на оваа болест се:

Тешка ноќна кашлица;

Ненадеен пад на концентрацијата;

Звук при дишење;

Нагло зголемување на телесната тежина (повеќе од 2 кг неделно).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП