Германската компанија „Volkswagen“ планира да развие електричен спортски автомобил, а најверојатно тоа ќе биде цивилна верзија на спортскиот прототип на „ID track. Р“, пренесува „Autocar“.
Во соопштението за печатот од производителот се вели дека „VW“ моментално развива компоненти кои лесно може да се прилагодат и на конвенционалните електрични возила и на спортските автомобили.
Очигледно, компанијата има намера да ги користи технологиите што се користат во спортскиот прототип „ID. R“, кој дебитираше во 2018-та година. Според „Autocar“, претстојниот електричен спортски автомобил на „Volkswagen“ ќе биде со две седишта и ќе добие погон на задните тркала со еден електричен мотор како стандард.
Во врвните верзии ќе му биде додаден уште еден електромотор, а вкупната моќност ќе достигне 680 ks и вртежен момент од 650 Nm. Така, хипотетичкиот спортски електричен автомобил на „Volkswagen“ може да се спореди со „Porsche Taycan Turbo“.
Автомобилот ќе се базира на новата платформа „MEB Evo“, која ќе ги намали трошоците за развој за речиси една четвртина. Во моментов, електричната гама на „Volkswagen“ се состои од хечбекот „ID.3“, кросоверите „ID.4“, „ID.5“ и „ID.6“ и миниванот „ID.Buzz“.
Според „Motor1“, спортскиот автомобил би можел да биде инспириран од концептот „Volkswagen XL Sport“ од 2014-та година, кој е базиран на најекономичниот модел на брендот, хибридниот „XL1“, и е придвижуван од 1,2-литарски мотор со 200 ks на „Ducati“. Во тоа време, тоа беше најмоќната сериска двоцилиндрична единица во светот.
Но, тешко дека во догледна иднина ќе се појави моќен електричен автомобил со спортски дизајн. „Volkswagen“ сè уште претпочита да работи на масовно произведени автомобили во популарните сегменти.
Ако зборуваме за групацијата „Volkswagen“ како целина, тогаш следниот спортски автомобил на концернот ќе биде наследник на актуелниот „718 Boxster/Cayman“, со деби во 2025-та година.