13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Членките на еврозоната треба да им помогнат на банките“

„Членките на еврозоната треба да им помогнат на банките“

mario1

– Реално е да се побара од владите на членките на еврозоната да им помогнат на своите банки, ако претстојните тестови на Европската централна банка покажат дека им е потреба докапитализација, оцени нејзиниот претседател Марио Драги.

ЕЦБ темелно ќе ги анализира ризиците и квалитетот на банките во еврозоната, пред да ја превземе контролата над нив.

Во централната монетарна институција на еврозоната сакаат последиците од таа анализа, вклучувајќи ја и можната докапитализација, односно ликвидација на банките, да ги финансираат владите на земјите членки на еврозоната.

„За оценката на квалитетот на имотот и проверката на отпорноста на неповолните услови да биде веродостојна, ќе ни биде потребна подршка од надлежните органи во земјите членки“, изјави Марио Драги.

Според актуелните планови единствениот Европски механизам за ликвидација на банките би требало да биде воспоставен на 1. јануари 2015 година, а се проценува дека банкарскиот фонд, кој ќе се финансира од придонесите на банките, ќе биде воспоставен за десет години.

Драги смета дека тоа е предолг период и дека во меѓувреме би требало да се овозможи финансирање на краткорочните потреби преку кредитни линии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП