19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes G63 AMG 6x6 по цена од 450.000 евра!

Mercedes G63 AMG 6×6 по цена од 450.000 евра!

mercedes-g63-6x6-xl

Новиот „ѕвер“ на „Mercedes“ со три оски кој е направен врз основа на „G сlasѕ“, „G63 AMG 6×6“ и официјално е најскапиот сериски автомобил на овој германски производител. Поточно, како вториот најскап „Mercedes“, веднаш зад спортскиот двосед „SLS AMG“, „G63 AMG 6×6“ ќе чини повеќе и од „Electric Drive“, електричната верзија на споменатиот суперавтомобил.

Според информациите, германскиот гигант ќе се продава со почетна цена од 379.000 евра плус данок, што на крајот ќе изнесува 451.010 евра.

Но, доколку неговите идни сопственици имаат желба да додадат некоја специјална опција, тогаш цената без проблем ќе се искачи на нова рекордна висина.

Brabus-Mercedes-G63-AMG-6x6-1

Доколку стандардната „AMG“ верзија не е доволна, постои и онаа уште поекстравагантната „Brabus“ опција, интерно означена како возило на Сатаната. Со 5.5 литарскиот М157 агрегат со два турбо полначи, добиени се нешто помалку од 700 „коња“ и 960 Nm вртежен момент.

Тоа е доволно да забрза до „стотка“ за 7.4 секунди и да ги оствари максималните електронски ограничени 160 km/h.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП