24 април, 2024
ПочетнаСВЕТОрбан: Конфликтот во Украина може да се заврши само со преговори меѓу...

Орбан: Конфликтот во Украина може да се заврши само со преговори меѓу Русија и САД

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека Европа постојано балансира на работ на војна со Русија, а прокси-војна практично веќе е во тек, бидејќи Западот му доставува сè повеќе смртоносно оружје на Киев, па дури и може да испрати „мировна армија“ во Украина.

„Европските земји, како месечари на покривот, постојано балансираат на работ на војна со Русија. Ако испорачате оружје, давате сателитски информации, обучувате војници на една од завојуваните страни, ја финансирате работата на целиот државен апарат, воведувате санкции против другата страна, што и да кажете, вие учествувате во војната, засега индиректно“, изјави Орбан.

Орбан, во својот редовен говор за состојбата на унгарската нација во изминатата година, истакна дека единствен соодветен излез за Унгарија е да се држи настрана од конфликтот, бидејќи тој се случува „меѓу два словенски народи“ и не е близок на Унгарците.

„Конфликтот во Украина може да се заврши само со преговори меѓу Русија и САД. Тоа неизбежно ќе се случи, а колку подоцна се случи, толку ќе биде повисока цената“, смета Орбан.

Тој посочи дека унгарската влада не верува оти Русија ја поткопува безбедноста на Унгарија и на цела Европа.

„Кога станува збор за атомско оружје, ситуацијата е таква што војната во Украина ниту го зголемува ниту го намалува ризикот од нивна употреба“, рече Орбан.

Унгарската агенција МТИ јавува дека Орбан ги критикувал Киев, Брисел и Вашингтон поради односот кон унгарското национално малцинство во западна Украина.

„Додека многу Унгарци во Украина умираат со херојска смрт на фронтот, унгарските национални симболи во Мукачево и Мункач се отстрануваат, а унгарските директори на училишта се менуваат“, тврди Орбан.

Тој посочува дека тонот кон Унгарија ќе биде се поостар бидејќи војната во Украина станува се побрутална.

„Унгарија мора да биде подготвена за се посилни провокации, навреди, закани и уцени. Дипломатскиот притисок одамна престана да го признава суверенитетот“, рече Орбан.

Тој изјави дека американскиот претседател Џо Бајден за амбасадор во Унгарија го назначил Дејвид Пресман, кој, како што вели, е човек за притисок.

Целта на назначувањето на тој амбасадор е по секоја цена да се натераат Унгарците да влезат во воениот логор“, заклучил Орбан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП