25 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Охрид трибина за промоција на новите брошури за заштита на потрошувачите

Во Охрид трибина за промоција на новите брошури за заштита на потрошувачите

ohrid_331

Во организација на Организацијата за заштита на потрошувачите денеска во Охрид се одржува трибина „Ние потрошувачите имаме право да знаеме- Запознајте ги своите права“, како дел од кампањата што се спроведува низ повеќе градови во Република Македонија за презентација на новите брошури за информирање на потрошувачите.

Како што појасни претседателката на Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија, Маријана Лончар-Велкова, средбата има за цел запознавање на граѓаните и субјектите што нудат производи и услуги за трите нови брошури што ги издаде организацијата, а се однесуваат на правата и обврските како на отрошувачите, така и на нудителите на услуги при организираните туристички патувања, потрошувачките кредити и нечесната пазарна пракса.

– Сметаме дека потребно е не само потрошувачите, туку и бизнис-субјектите – туристичките агенции, оператори и банките, да бидат запознаени со нивните права и обврски, сето во насока на почитување на правилата во стопанисувањето, почитување на правата на потрошувачите, но и создавање подобра конкурентска клима, истакна таа.

Зборувајќи за правата и обврските на потрошувачите, таа истакна дека ние самите како потрошувачи мора да се интересираме и информираме за своите права и обврски.

– Организацијата за заштита на потрошувачите има задача да советува, едуцира, информира, додека останатите надлежни органи да си ја вршат својата дејност на терен.

Останиува ние како потрошувачи сами да се интересираме за своите права и обврски, затоа што технологиијата оди напред, веќе се практикуваат услуги преку интернет што уште повеќе ја наметнува потребата да се биде во тек со нештата, додаде Лончар-Велкова.

Таа нагласи дека се повеќе потрошувачите се интересираат за своите права и обврски, за што говори и податокот дека се поголем е бројот посетители на интернет-страницата на Организацијата за заштита на потрошувачите, односно расте бројот граѓани кои ги симнуваат електронските изданија на новите брошури.

На трибината во Охрид покрај организациите за заштита на потрошувачите присуствуваат претставници на државниот пазарен и другите инспекторати, претставници на локалната самоуправа, на банки, туристичките агенции, невладини организации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП