25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЌе се изненадите колку автомобилите „пораснале“ низ годините (ФОТО)

Ќе се изненадите колку автомобилите „пораснале“ низ годините (ФОТО)

За неколку генерации, некои модели станаа подолги за повеќе од половина метар.

Од генерација на генерација автомобилите „растеа“ во сите правци, па денес е вистински предизвик да се паркираат модерни возила на обележано паркинг место.

Покрај тоа што често се пополнува просторот „од линија до линија“, се помалку има простор за отворање на вратите, без разлика колку се витки патниците и возачот.

Погледнете го само „Volkswagen Golf“, до минатата година најпродаваниот модел на европскиот пазар. И додека првата генерација имаше должина од 3,7 метри и ширина од 1,61 метри, сегашната осма е верувале или не, е 58 cm подолга, речиси 10 cm повисока и дури 18 cm поширока.

Уште поинтересно е што, токму во понудата на „Volkswagen“, моделот од пониската класа, „Polo“, по големина и простор ја надмина постарата генерација на „Golf“.

И „Volkswagen“ не е исклучок. На страницата carsized.com можете да споредите бројни модели од различни години и сами да видите какви се разликите во димензиите.

Во областа на седаните од средна класа, го споредивме сега култниот „Alfa Romeo 156“ со неговиот последен наследник, „Giulia“. Актуелниот седан е речиси 21 cm подолг и 12 cm поширок, а во исто време е повисок за впечатливи 5 cm.

Ова е уште поочигледно кога се споредуваат генерациите на популарниот субкомпактен модел „Renault Clio“. Актуелниот модел се израмни со поранешниот „Megane“, а е дури 16 cm поширок и 28 cm подолг од втората генерација.

Друг сличен пример е актуелниот „Peugeot 208“, кој е „поголем во сите правци“ од претходно позиционираниот „306“.

Исто така, оваа страница ви овозможува да ги споредите димензиите на тековните модели од различни сегменти.

Во оваа смисла, интересни се споредбите на екстремите, како што се „Fiat 500“ и „Mercedes GLS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП