Бројот на загинати во земјотресите што минатиот понеделник ја погодија Турција се искачи на 36.187, соопшти денеска Турската агенција за управување со катастрофи (АФАД).
АФАД соопшти дека повеќе од 4.300 последователни потреси ја погодиле зоната на катастрофата од првичниот земјотрес, објави Ројтерс.

