2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДоаѓа електричниот „Golf“ и ќе чини 22.500 евра

Доаѓа електричниот „Golf“ и ќе чини 22.500 евра

Не е тајна дека „Volkswagen“ се подготвува да лансира нов компактен електричен хечбек, кој засега е познат како „ID.2“. Британското издание „Autocar“ открива детали за моделот, од кои најљубопитно е што неговата основна верзија ќе се вика „Golf“.

Почетокот на продажбата на електричниот автомобил е планиран за 2025-та година, а неговата цена е веќе позната – 22.500 евра. Хечбекот со 5 седишта ќе биде првиот „Volkswagen“ кој ќе се базира на платформата „MEB-Plus“ – ажурирана верзија на денешната широко користена структура на електрични автомобили „MEB’ која вклучува нови „LFP“ (литиум железен фосфат) призматични батериски ќелии и брзина на полнење до 200 kW.

Првично се сметаше дека името „Golf“ ќе го добие фејслифтираната верзија на „VW ID.3“. Според раководството на компанијата од Волфсбург, сепак, вистинската вредност на легендарното име лежи во автомобил со помали димензии, кој ќе биде идниот „ID.2“. Развојот на хечбекот му е доверен на новиот главен дизајнер на марката Андреас Минд, откако неговиот претходник Јозеф Кабан очигледно не успеа.

Кабан наводно му понудил на извршниот директор на „Volkswagen“, Томас Шефер, „идниот ID.2“ во стилот на кросовер. Ова не беше прифатено од шефот на компанијата и Кабан беше префрлен на нова позиција – технички уметнички директор. И сега неговиот наследник ќе треба да го претвори моделот во хечбек.

Идејата на менаџментот на „Volkswagen“ е да го понуди истиот автомобил под брендот „Seat“. Ќе го носи името „Urban Rebel“, а заедно со идниот „ID.2“ ќе се произведува во фабриката во близина на Барселона.

Куриозитет е што во однос на димензиите, новиот електричен автомобил „VW“ ќе се наоѓа во средината помеѓу сегашните „Polo“ и „Golf“, а неговата должина ќе биде 4.250 mm. Со релативно кратка хауба и рамен под, ќе им понуди внатрешен простор на моделите кои вообичаено седат еден сегмент повисоко.

Оригинален „VW ID. 2“ ќе се нуди само со еден мотор и со погон на предните тркала. Сепак, платформата MEB-Plus може да поддржува два електромотори и погон на четири тркала, па сосема е можно да се појави и таква верзија. Тежината на автомобилот ќе биде релативно мала за електричен автомобил – околу 1.600 килограми.

Познато е уште една работа – „VW“ ќе се откаже од употребата на името „GTX“, кое го добиваат спортските верзии на електричните модели на марката. Наместо тоа, ќе се користи легендарниот „GTI“, кој ќе се користи токму со „ID.2“.

Откривањето на „Urban Rebel“ од „Cupra“ во 2022-ра година дава солидна индикација за пристапот што „Volkswagen“ ќе го има со електричниот „Golf GTI“. Опремена со електричен мотор поставен напред, најмоќната верзија на новиот основен модел „Cupra“ развива 223 ks а од 0 до 100 km/h забрзува за 6,9 секунди. Веројатно овој погон ќе го користи и моделот на „Volkswagen“. За споредба, денешниот бензинец „Golf GTI“ е опремен со 2.0-литарски четирицилиндричен бензински мотор со турбополнач со 245 ks и достигнува 100 km/h за 6,2 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП