2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДополнително подобрени очекувањата на германските потрошувачи

Дополнително подобрени очекувањата на германските потрошувачи

germanpeople2

Очекувањата на германските потрошувачи за октомври дополнително се подобрени во однос на претходниот месец, покажа денес најновото истражување на институтот „GfK“.

Индексот кој ги мери очекувањата на потрошувачите во најголемата европска економија за октомври се зголеми на 7,1 поени од 7,0 поени колку што изнесуваше во претходниот месец.

Истражувањето на институтот „GfK“ се базира на анкетата во која учествуваат околу две илјади учесници.

„Германските потрошувачи очекуваат дека економијата ќе забрза во следните неколку месеци“, се наведува во соопштението на „GfK“.

Истражувањето на „GfK“ се надоврза на индексот за деловната доверба кој беше објавен вчера во Германија, кој го изработува институтот „Ifo“, а кој покажа подобрување на очекувањата на бизнис лидерите петти месец по ред.

Активноста на германската економија е зголемена во вториот квартал за 0,7 проценти, но новите податоци за индустриското производство и малопродажбата ја зголемија загриженоса за растот во третиот квартал.

„GfK“ објави дека прогнозите на германските потрошувачи за економијата беа намалени во август, но во септември повторно се зголемени. Нивната подготвеност за купување во тековниот месец е на највисокото ниво во последните седум години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП