26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлискиот Исток и Африка се најперспективниот нов пазар за рускиот дизел

Блискиот Исток и Африка се најперспективниот нов пазар за рускиот дизел

Земјите од Блискиот Исток и Северна Африка се веројатно најперспективните нови купувачи на руски дизел, пишува „Reuters“.

Извори на агенцијата велат дека горивото, на пример, не е посакувано во Индија, иако земјата купува се поголеми количини на нафтени деривати како нафтата и други горива со послаб квалитет.

Причината е цената – руските нафтени деривати се продаваат на плафон од 45 долари за барел, што е профитабилно за индискиот пазар. Но, плафонот за дизелот е 100 долари, а на нив се додаваат трошоците за транспорт и давачки, цената се приближува до онаа на берзите во Азија – околу 110 долари за барел на дизел.

Индија произведува дизел во доволни количини за да ги задоволи потребите на домашниот пазар, вклучително и со руска нафта, која ја купува со добар попуст. Логиката на купување руски дизел би била реекспорт, но цената е таква што не е економски профитабилна, велат трговците за „Reuters“.

Во однос на нафтата, ситуацијата е поинаква – суровината произведена во Сингапур е по цена од 80 долари за барел, додава агенцијата, цитирајќи ги податоците за тргувањето на пазарот во вторникот (14-ти февруари).

Во меѓувреме, „Reliance Industries“, која ја поседува најголемата рафинерија во светот, го зголеми увозот на нафта од Русија на речиси 222.000 тони во февруари, според податоците на „Refinitiv“. Компанијата започна со откуп на овој производ уште во септември, а во јануари увозот достигна 217 илјади тони.

„Reliance“ во моментов е најголемиот купувач на руски нафтени деривати во Индија и се очекува увозот да продолжи да расте, изјавија извори за „Reuters“.

Две државни индиски рафинерии, „Bharat Petroleum“ и „Indian Oil“, исто така истражуваат опции за купување руска нафта, но сè уште не поднеле барање за понуди. Извор од компаниите го потврдува интересот, особено ако има ценовни попусти.

Според податоците на трговците и „Refinitiv“, по 5-ти февруари, кога стапи на сила забраната за увоз на руски горива во ЕУ, Русија го пренасочува извозот на дизел во Африка (Тунис, Мароко, Алжир, Гана и Того), во Саудиска Арабија, Оман и Турција, како и во Бразил. Аналитичарите коментираат дека најпрофитабилна во оваа ситуација е бродската индустрија, која има корист од продолжените линии и повисоките давачки за трансферот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП