21 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоднесена тужба против 13 банки

Поднесена тужба против 13 банки

banks_1780461b

Американската државна администрација за кредитните унии (NCUA) започна анти-монополска судска постапка против 13 големи меѓународни банки.

Постапката се поведува во рамките на глобалната акција околку скандалот во врска со манипулирањето на лондонската меѓубанкарска каматна стапка (Libor).

„NCUA“ наведува дека сака да поврати дел од средствата кои ги изгубила бизнис кредитната унија која ги надгледувала, а кои пропаднале.

„Имаме одговорност да бараме повраток на средствата на сите можни начини од оние кои на кредитните унии им нанесоа загуби од повеќе милијарди долари“, изјави претседателката на одборот на „NCUA“, Деби Марк. Таа додава дека тужбата, во која се наведува дека банките ги прекршиле федералните и регионалните анти-монополски закони, е поднесена во судот во Канзас.

Од „NCUA“ истакнуваат дека ширум светот се покренати околу 40 тужби во врска со местењето на „Libor“. Досега три банки „UBS“, „ Royal bаnk of Scotland“ (RBS) и „Barclays“ се казнети со вкупно 2.5 милијарди долари.

Покрај споменатите банки, американските власти покренале тужби против „Lloyds Banking Group Plc“, „Westlb AG“, „Cooperatieve Centrale Raiffeisen-Boerenfleenbank B.A.“, „The Norinchukin Bank“, „the Bank of Tokyo-Mitsubishi UFJ Ltd“ , „HBOS Plc“, „Societe Generale SA“, „Royal Bank of Canada“, „JPMorgan Chase“ и „Credit Suisse“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП