28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзит е длабока рана која Британците сами си ја нанесоа

Брегзит е длабока рана која Британците сами си ја нанесоа

Секогаш кога гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, зборува за економијата, тој е принуден да ги споменува жртвите на Брегзит.

Бизнис лидерите, кои првично не сакаа да ја критикуваат одлуката на ториевците да ја напуштат ЕУ, почнаа да го креваат својот глас. Неодамна, водечката личност во Лодонското „Сити“, Гај Хендс го нарече Брегзит „целосна катастрофа“ и „куп тотални лаги“ кои и наштетија на економијата, пишува „Гардијан“.

Со оглед на зголемените докази, можеби не е изненадувачки што бизнис лидерите, министрите и тимот во сенка на лабуристите се состануваат во тајност за да разговараат за тоа како можат да ја свртат плимата.

На крајот на минатата недела владата доби нов удар. Фармацевтската компанија „AstraZeneca“, пофалена за својата вакцина против Ковид-19, соопшти дека ја избира Ирска за својата нова фабрика, која ќе биде лоцирана во близина на нејзините постојни производствени бази во северозападна Англија. Пред Брегзит, британската фармацевтска индустрија користеше 2 милијарди фунти од фондовите за истражување на ЕУ, но повеќе не.

На почетокот на овој месец, Бејли посочи дека влијанието на напуштањето на единствениот пазар на ЕУ и царинската унија се чувствува поакутно врз трговијата со Обединетото Кралство отколку што првично се очекуваше. Уште во ноември, Централната банка веруваше дека некои од административните тесни грла на границата и неподготвеноста на извозниците да ја надминат планината на документација и дополнителни трошоци со кои се соочуваат за испраќање стоки во ЕУ ќе исчезнат. Но, тоа не е така.

Канцеларијата за национална статистика соопшти дека трговскиот дефицит на ОК се зголемил за 2,4 милијарди фунти на 26,8 милијарди фунти, но не во корист на Островот. Тоа е „поради помалиот извоз и на стоки и на услуги“.

Настрада уште еден важен показател за здравјето на економијата – деловните инвестиции. Нивниот прилив престана по референдумот во 2016-та година и остана рамно до крајот на 2019-та година, кога падна во бездна. Официјалните бројки за 2022-ра година покажаа дека нивото на финансирање за нова опрема, машини и ИТ системи речиси, но не сосема, го врати изгубеното тло.

Канцеларијата за буџетска одговорност, која во март ќе испорача прогнози кои го поткрепуваат буџетот на државниот канцелар Џереми Хант, веројатно ќе признае дека оваа борба за поттикнување инвестиции е еден од најголемите проблеми на владата кога ќе пресмета колку пари може да генерира приватниот сектор.

Без инвестиции, бизнисите се потпираат на легии работници наместо на нова технологија, сега кога многу квалификувани работници се пензионираа предвреме или се вратија дома по Брегзит. Недостигот на работници во Обединетото Кралство го наведе Централната банка како главна причина за зголемувањето на платите и несмалената инфлација. И ова е аргумент за зголемување на каматните стапки, што ќе го доведе Обединетото Кралство во рецесија.

Инвестициите треба да обезбедат продуктивност на работното место, правејќи ги бизнисите попрофитабилни и поголеми, подобри даночни обврзници. Брегзит истера многу од големите странски компании кои некогаш го користеа Островот како база во рамките на единствениот пазар и ги обесхрабри локалните бизниси да ја прошират трговијата со ЕУ. Зборувајќи за катастрофи кои самите си ги нанеле, ова е една од најлошите во модерната економска историја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП