7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов тренд кај крадците: На мета се полначите за електрични возила, се...

Нов тренд кај крадците: На мета се полначите за електрични возила, се крадат каблите

Приказната започна во САД, а сега полека се сели во Европа.

Откога постои автомобилската индустрија и автомобилите, криминалот е поврзан со нив. Се крадат автомобили, делови за автомобили, особено катализатори, а електричната мобилност им донесе нови предизвици на луѓето од другата страна на законот или, можеби подобро, нови можности за заработка.

Приказната започна во САД, а сега полека се сели во Европа. Првите случаи на кражба (или сечење) на кабли на станици за полнење се забележани во Холандија и Франција.

Имало и кражби на домашни полначи, но каблите на јавните полначи се попривлечни за крадците бидејќи содржат поголем дел од бакар што може да се препродава нелегално.

Решавањето на проблемот е веќе во тек, а наскоро ќе се зголеми видео надзорот или електронската заштита на јавните полначи за да се спречи овој нов криминален тренд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП