2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОд која земја доаѓаат најдобрите возачи, а од која најлошите

Од која земја доаѓаат најдобрите возачи, а од која најлошите

Оваа листа е субјективна бидејќи возачкото знаење е тешко да се измери, но има некои трендови, сообраќајна свест, опасности во сообраќајот… Сето ова се елементи што експертите за автомобилско осигурување Compare the Market за занимаваа, кои сакале да видат кои земји имаат најбезбедни,а кои најлоши возачи.

За да ја состават листата на најдобри и најлоши држави според овој критериум, тие разгледаа низа фактори, вклучувајќи ги законските ограничувања на алкохол во крвта, квалитетот на патиштата, статусот на темите за безбедност на патиштата на социјалните мрежи и бројот на загинати на патиштата.

Според листата од 50 земји, најбезбедните возачи во светот се во Јапонија.

Границата на алкохол во крвта е доста ниска, 0,03 g/dL, слично како Чиле и Чешка, а најпозитивно расположение на социјалните мрежи е кога станува збор за поимите поврзани со возењето (33,4%).

Јапонија го има и четвртото највисоко ниво на квалитет на патиштата на листата, што значи дека генерално е многу безбедна земја не само за возење, туку и за пешаци.

Како што можете да видите, осум од 10-те најбезбедни земји се во Европа, а Холандија е најдобра од земјите од Стариот континент, на второто место во светот.

Холандија, исто така, го има второто највисоко ниво на квалитет на патиштата, второ само по Сингапур, а исто така има едно од најниските нивоа на смртни случаи во сообраќајот во светот, на 100.000 жители.

На другиот крај од спектарот, Тајланд беше прогласен за земја со најлоши возачи во светот, со убедливо најголем број трагични смртни случаи во сообраќајот, 32 на 100.000 луѓе.

Перу е претпоследен, со четврто најлошо ниво на квалитет на патиштата.

Комплетната листа може да ја погледнете овде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП