11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗападен Балкан: Најмногу невработени во Косово и Босна и Херцеговина

Западен Балкан: Најмногу невработени во Косово и Босна и Херцеговина

Косово и Босна и Херцеговина водат по бројот на невработени во Западен Балкан, додека Србија има најниска стапка на невработеност, објави во петокот Светската банка.

Истовремено, стапката на невработеност во петте земји од Западен Балкан е намалена за 13,5 отсто во последните 15 години, заклучно со средината на 2022 година, објави Светска банка, пренесе Радио Слободна Европа.

Во Косово, кое има 1.739.825 жители, стапката на невработеност е 31,3 отсто.

Следува БиХ, која има 3.531.159 жители со стапка на невработеност од 30,7 отсто.

Во Црна Гора, која има 619.211 жители, стапката на невработеност е 20,1 отсто.

Во Македонија, со 1.836.713 жители, стапката на невработеност е 14,3 отсто.

Во Албанија, со 2.829.741 жители, стапката на невработеност е 11,1 отсто, додека во Србија, која има 6.834.326 жители, најниска е стапката на невработеност од 8,9 отсто, соопшти Светска банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП