28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри доминантни работи на пазарот на труд за оваа година

Три доминантни работи на пазарот на труд за оваа година

Пазарот на трудот интензивно се менува: навиките, условите, начините на водење бизнис, барањата на работодавачите, но и на работниците. Годинава, според сите проценки, ќе се разликува од претходната, бидејќи ќе донесе некои „појасни“ смерници поврзани за тоа во која насока ќе се движи пазарот.

Доколку барате работа, сакате промена или сте работодавец кој бара експерти, имајте ги на ум овие 5 работи кои WEF ги издвои како доминантни во 2023 година.

Вработувањето на младите е приоритет

Загубите на работни места поради Ковид-19 несразмерно ги погодија младите. Младите луѓе беа изоставени од работната сила или не успеаја целосно да се интегрираат во неа, во услови на затворање, изгубени приходи и суштински променети очекувања од работа.

Младите сакаат работа која е избалансирана

Тие сакаат значајна работа и, повеќе од претходните генерации, се подготвени да дадат отказ. Како што беше прикажано на сесијата „Тивко откажување и смисла на работата“, младите одбиваат работни места каде што не можат да бидат наградени или оние каде што има токсична култура. „Глобал шејперс“ наведува дека многу млади луѓе се под стрес или се жртви на „burnout“ – тие сакаат работа која им дава приоритет на нивната благосостојба.

Младите сакаат отвореност од својот шеф

Тие денес поинаку ја перципираат работата. Во светот по пандемијата, транспарентноста е сè, според веб-страницата на WEF. Вработените сакаат повеќе демократија, отворени практики за вработување и фер третман, како и поотворен однос со работодавачот. Тие, исто така, сакаат да веруваат во мисијата на нивната работа и се подготвени да заминат ако нивните работодавци не успеат да ги исполнат нивните заложби за одржливост, различност, правичност и инклузија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП