13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАXI Меѓународна конференција – ЕТАИ 2013

XI Меѓународна конференција – ЕТАИ 2013

etai

Друштво за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на Република Македонија (ЕТАИ) ја организира 11-тата меѓународна конференција – ЕТАИ 2013 година.

Традиционалната меѓународна конференција ќе се одржи од 26 до 28 септември 2013 година во Езерски комплекс Метропол, Охрид, Македонија. Oтворањето на Kонференцијата е во 11:00 часот во хотел “Метропол“ во Охрид.

На Конференцијата ќе учествуваат над 200 научници, млади истражувачи и инженери од Република Македонија и од странство со 100 прифатени научни и стручни трудови. Покрај тоа, ќе се одржат четири пленарни предавања од врвни научници со светско реноме Др. Алберто Леон-Гарсија (Dr. Alberto Leon-Garcia) од Универзитетот во Торонто, Канада; Др. Мариа Доменика Ди Бенедето (Dr. Maria Domenica Di Benedetto) од Универзитетот во LAquila, Италија; Др. Славка Цанова (Dr. Slavka Tzanova) од Техничкиот Универзитет од Софија, Бугарија и Др. Дајана Касиоли (Dr. Dajana Cassioli) од Универзитетот во LAquila, Италија).

Во рамките на Конференцијата ќе се одржат и две тркалезни маси на актуелни теми за академската и бизнис заедницата во Македонија:

I. „4G во Македонија – Предизвици и можности “

II. „Ера на работење во облак – Како да се подготвиме?“

На единаесеттата меѓународна конференција ЕТАИ 2013 ќе бидат организирани и презентации на фирми од областите електроника, телекомуникации, автоматика и информатика. Со ова конференцијата ЕТАИ 2013 ќе претставува форум за презентација и дискусија на состојбата и развојните правци во областите електроника, телекомуникации, автоматика и информатика во Република Македонија и пошироко.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП