3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТАмериканците соборија непознат летечки објект над Алјаска

Американците соборија непознат летечки објект над Алјаска

Како што соопшти Белата куќа, над Алјаска е соборен „објект на голема надморска височина“.

Портпаролот Џон Кирби рече дека објектот „бил со големина на мал автомобил“ и бил над ретко населена област во тоа време, објави Би-Би-Си.

Кирби рече дека американскиот претседател Џо Бајден донел одлука да го собори објектот од непознато потекло.

Сето ова се случува откако САД минатата сабота соборија кинески балон над нивните територијални води.

Кирби објасни дека објектот над Алјаска се движел на 12.000 метри и можел да претставува закана за цивилните авиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП