26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали би се возеле во возило кое управува место вас?

Дали би се возеле во возило кое управува место вас?

kola sama

Многу производители на автомобили, но и други компании кои не се дел од авто-индустријата, веќе со години работат на развој на автономни возила. До сега тие главно беа фокусирани на решавање на проблемите кои може да се јават кога ваквите автомобили ќе се најдат во реалните сообраќајни услови и не се размислуваше премногу за идните купувачи и нивите ставови за возилата кои управуваат сами.

Дали се за развојот и идната комерцијализација на самоуправувачки автомобили се важни за нивните потенцијални корисници, покажува и истражувањето кое го направи американската осигурителна компанија „Chubb Group“, а го спроведе агенцијата „ORC International“. Анкетата покажа дека поголемиот дел од возачите во овој момент се многу секптични за воведувањето на автономните возила во сообраќајот.

Само 18 проценти од испитаниците биле подготвени да купат возило кое ќе учествува во сообраќајот без асистенција на возачот, додека само 22 проценти од анкетираните имале мала доверба во таквите автомобили и се согласиле во нив да се возат нивните блиски. Од друга страна ако се погледне во другите индивидуални системи кои веќе се користат во современите автомобили, а кои се дел од технологијата на самоуправувачките возила, возачите во голем број се подготвени да ги прифатат и сметаат дека им се потребни во своите автомобили. Така, на пример, 88 проценти од испитаниците се подготвени да издвојат повеќе пари при купување на автомобилот за во него да имаат дополнителна опрема за предупредување при напуштање на сообраќајната лента.

Кога станува збор за системот за автоматско сопирање во случај на неизбежен судир, за него би доплатиле 77 проценти од анкетираните, додека 70 проценти од купувачите би одвоиле дополнителна сума за адаптивен темпомат кои ја прилагодува брзината на автомобилот со возилото пред него.

Иако студијата опфати релативно мал број на испитаници, само 1000, резултатите претставуваат предупредување за оние кои планираат во блиска иднина да понудат на пазарот автомобил кој сам се управува. Покрај тоа што нивниот производ мора да работи совршено, без никаква грешка, тие мораат да соберат и различни дозволи од државните органи. Но авто-компаниите мораат да пронајдат начин како да убедат поголем број на луѓе да купат токму такви автомобили кога еден ден ќе се најдат во продажба.

Во спротивно, автономните возила ќе останат само на ниво на успешни тест прототипови.

Какво е вашето размислување за самоуправувачките возила и дали Вие верувате дека ваков вид на автомобили ќе се најде во блиска иднина во сообраќајот, како што најавуваат некои од производителите на возила? Дали и Вие би сте користеле таков автомобил?

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП