4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Лондон – Американските компании почнаа засилено да го враќаат производството од Кина во матичната земја, пишува „Фајненшл тајмс“. Оваа промена ја одразува намалената конкуртентност на Кина како евтин индустриски центар и најавува зголемено вработување во американската преработувачка индустрија.

Москва – Русија на приватни лица ќе им продаде 49 отсто од сопственоста во „Калашников група“, најголем произведувач на оружје во земјата, за речиси 41 милион долари. И покрај трогодишните напори да ги надмине долговите на „Калашников“, државниот акционер „Ростек“ ќе продаде 49 отсто од сопственоста на приватни инвеститори, пишува весникот „Ведомости“.

Вашингтон – Жените би можеле да бидат моторна сила на економскиот раст во иднина, оценува Меѓународниот монетарен фонд. ММФ на 33 страници објави извештај за положбата на жената во светската економија, во која се очекува дека жените кои имаат огромна улога во економиите во земјите во развој, би можеле да бидат главна сила на економскиот раст во иднина.

Пекинг – Кина, поради се поголемата побарувачка на храна и се помалку расположливо земјиште, одлучила да „купи“ од Украина три милиони хектари земја за нови фарми. Од друга страна, украински функционери изјавуваат дека не знаат ништо за тоа. неверојатниот економски раст, поголемата куповна моќ и фактот дека кинеските села и нива се бетонираат и заменуваат со модерни населби, ги натераа властите да размислуваат половина век однапред. така е склучен договор за лизинг на земја со Украина, според кој во првата транша Кина ќе доние 100.000 хектари – површина слична на онаа која ја зазема Хонг Конг.

Париз – Помошта што ЕУ им ја доставува на Бугарија и Романија за решавање на социјалните проблеми на Ромите или не се користи за таа намена или исчезнува, тврди францускиот весник „Фигаро“.

Загреб – Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска во Парламентот изјави дека до крајот на годината државниот долг на земјата ќе достигне 190 милијарди хрватски куни или 25 милијарди евра.

Белград – Русија годинава ќе обезбеди 27 милиони долари за финансирање на руско-српскиот хуманитарен центар во Ниш, што ќе бидат наменети за набавка на потребната техника и опрема, изјави денеска  во Белград рускиот министер за вонредни ситуации Владимир Пучков.

Њујорк – Во најмалку 15 земји во светот мажите имаат законско право да им забранат на своите сопруги да се вработат, соопшти Светска банка.

– Многу општества постигнаа развој, укинувајќи ги строгите облици на дискриминација на жените. Но, се уште многу работи што треба да се направат, изјави претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким, претставувајќи го извештајот за еднаквост на половите во светот на бизнисот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП