25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple ја претстави обновената палета на iMac

Apple ја претстави обновената палета на iMac

imac-2012-vs-imac-2011

„Apple“ во својата онлајн продавница започна да ја продава обновената палета на десктоп компјутер „iMac“. Уредот го задржува својот дизајн и на двата модели – со 21,5-инчен и 27-инчен екран, секој со по две модификации.

Сите модели се потпираат на процесорите „Intel Core i5“ од последната генерација „Haswell“. По желба на корисникот „iMac“ може да биде конфигуриран и со „Core i7“ процесор.

Стандардната графичка картичка е „Nvidia GeForce 700“, со исклучок за базниот 21-5-инчен „iMac“, каде е видеоконтролер на „Intel“, а може да биде нарачана и „GeForce GTX 780M“ со сопствена меморија од 4GB. Оперативната меморија на „iMac“ е 8GB и 1TB хард диск за чување на податоци. Има и опција за нарачка на 3TB „Fusion Drive“.

„iMac“ ќе нуди два „Intel Thunderbolt“ порта, како и 4 USB 3.0 порт. Како целина уредите ги задржуваат претходни функции и услуги и се потпираат само на новиот хардвер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП