29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на градежните активности во Франција

Пад на градежните активности во Франција

francija2

Бројот на издадени градежни дозволи, кој е индикатор за активноста во овој сектор, во Франција се намали во периодот од јуни до август за 10,2 проценти во однос на претходните три месеци, а бројот на започнати градби за 1,9 проценти, објави Министерството за екологија и одржлив развој.

Само во август, падот на бројот на издадени дозволи изнесува 3,2 проценти, по намалувањето од 3,5 во јули и 3,6 во јуни, додека бројот на започнати градби во август беше помал за 1,1 проценти, по падот од 1,0 и 0,7 проценти во јули и јуни, пренесува Ројтерс.

Во периодот од јуни-август на францускиот пазар започна изградбата на 78,075 објекти, што е сепак за 2,1 проценти повеќе во однос на истиот период во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП