8 декември, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАОстри реакции по смртта на Благојче: Не купуваме лекови за болни од...

Остри реакции по смртта на Благојче: Не купуваме лекови за болни од цистична фиброза, плаќаме милиони евра за службени коли!

Лавина реакции предизвика ненадејната смрт на Благојче Илиевски, кој скоро две години добиваше уверувања дека ќе го добие скапиот лек за цистична фиброза, а вчера ја изгуби битката со болеста. Правници, новинари, јавни личности, инфлуенсери, се само дел од граѓаните кои изразија револт што државата не му помогнала на Илиевски. Меѓу првите јавни реакции беше објавена од адвокатот Јанаки Митровски.

„Луѓе, дајте протест за цистичнава фиброза. Ниту сум експерт ниту појма имам, ама знам дека лек има, а пари не даваат. Што чекаат да погинат луѓево и така да избегнат обврска?!“, прашува Митровски.

Остра реакција има и Божидар Божиновски, кој важи за јавен критичар.

„Ако има лек, а државата има пари и не го купува, а лекот го бараат од 2020–та година, кога беше уште ‘срцето планина’ (Филипче) министер – државата е убиец“, посочува тој.

На тапет беше и тргувањето со министерското место во здравство, со кое раководи Алтернатива, а треба да прејде во рацете на Алијанса за Албанците.

„Се’ додека министерската фотелја во здравството се тргува ко вреќа компири на пазар, ќе снема и матични лекари, не специјални терапии. После може само по ‘Фејсбук’ да се лечиме“, напиша Герасим Андоновски.

Лична реакција имаше и Ина Џугуманова која работи во Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Лекот е скап. Пари нема. Постапката за набавка е долга. Треба да почекаме некои процедури да завршат. Потребна е документација. Е толку вреди човечки живот“, коментира Џугуманова.

Остра реакција има и од познатата инфлуенсерка која стои зад профилот на Ина Многуфина.

„Не купуваме лекови за 130 болни од цистична фиброза, плаќаме милиони евра за километар пат и службени коли!“, стои во нејзиниот коментар.

Теодора Цветковска, новинарка, исто така јавно реагираше и посочи дека државата одново потфрли.

„ Благојче Илиевски, најтешкиот пациент со цистична фиброза не го дочека лекот ‘трикафта’.Почина не цела недела по протестот за овие пациенти. Државата уште еднаш потфрли“, додаде таа.

Благојче Илиевски, кој скоро две години добиваше уверувања дека ќе го добие скапиот лек за цистична фиброза, ја изгуби битката со болеста. Тој беше дел од осумте критични пациенти за кои се бараше лекот итно да им се набави. Со кислородна боца Благојче бараше поддршка и од претседателот на државата, Стево Пендаровски. Но, и покрај сите напори, не дочека да добие терапија со лекот „трикафта“.

Претседателот на Асоцијацијата за лицата болни од цистична фиброза, Фики Гаспар, за „Макфакс“ вели: „Ние можевме да го превенираме овa“, мислејќи на смртта на Благојче.

За денеска е закажан нов протест пред Влада во 14 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП