6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија се искачи на...

Бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија се искачи на 16.000

Бројот на жртвите од разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија сега изнесува најмалку 15.865, соопштија официјални лица, според Си-Ен-Ен.

Во Турција бројот на жртви се искачи на најмалку 12.873, според турската агенција за катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Во Сирија, вкупниот број на загинати е најмалку 2.992, вклучително и 1.730 во областите под контрола на бунтовниците на северозапад, според волонтерската организација Бели шлемови која обезбедува помош за цивилите во областите контролирани од сириската опозиција.

Околу 1.262 смртни случаи се регистрирани во делови на земјата под контрола на владата, објавија сириските државни медиуми.

Хуманитарните организации предупредија дека бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми, особено во Сирија, бидејќи тимовите за пребарување и спасување ги расчистуваат урнатините на илјадниците урнати згради во тешки временски услови, соочени со ризик од последователни потреси.

Според официјалните лица, според Си-Ен-Ен, десетици илјади луѓе биле повредени низ целиот регион.

Бројот на повредени во Турција се искачи на 62.914, соопшти агенцијата за вонредни состојби, додавајќи дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат, а потрагата е отежната поради ниските температури, пренесе Ројтерс.

Во Турција веќе три месеци е прогласена вонредна состојба во 10 провинции, а помош пристигнува од целиот свет.

Два силни земјотреси во понеделникот наутро ја погодија југоисточна Турција, речиси целосно уништија неколку градови, а земјотресот кај Газиантеп беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП