6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПовеќе од 11.000 мртви во Турција и Сирија! Се зголемува бројот на...

Повеќе од 11.000 мртви во Турција и Сирија! Се зголемува бројот на жртви, тлото не престанува да се тресе

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека бројот на загинати во Турција се искачи на 8.574, со што вкупниот број на загинати од разорниот земјотрес се искачи на 11.000.

Во Сирија, тешко е да се потврди бројот на загинатите, но државните медиуми и спасувачката група велат дека загинале околу 2.500 луѓе.

Во Турција и соседна Сирија поминаа повеќе од 48 часа, а се стравува дека ќе има уште многу жртви, бидејќи на спасувачите полека им истекува времето да најдат преживеани. И денеска пристигнува вест дека некој е извлечен жив од урнатините, но оние чии најблиски се уште се водат за исчезнати, полека остануваат без надеж.

Во меѓувреме тлото не престанува да се тресе, евидентиран е нов земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Неговиот епицентар е на 34 километри од Газиантеп, во близина на епицентарот на првиот разорен удар во понеделникот наутро, а е регистриран на длабочина од 5 километри. Земјотресот се случил во 13:26 часот по локално време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП