5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавниот долг на Хрватска 25 милијарди евра

Државниот долг на Хрватска 25 милијарди евра

kune_1

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска во Парламентот изјави дека до крајот на годината државниот долг на земјата ќе достигне 190 милијарди хрватски куни или 25 милијарди евра.

– Зголемувањето на државниот долг до 190 милијарди куни предизвикува загриженост, но тоа е неопходна мерка. Ние сме принудени да земеме дополнителни заеми за сервисирање на надворешниот долг на републиката, изјави Милановиќ.

Премиерот Милановиќ нагласи дека минатата година државниот долг на Хрватска се зголемил за 2,9 милијарди евра, а половина од овие средства се нови кредити за бродоградителските претпријатија.

Економијата на Хрватска и по пристапувањето на Европската унија на 1 јули годинава се наоѓа во тешка состојба. Во земјата има 313 илјади невработени, што претставува 18 отсто од работоспособното население.

Бруто домашниот производ во првата половина од годината е намален за 0,7 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Обемот на индустриското производство во јули е намален за 4,1 отсто во споредба со јули 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП