19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпроизведуваниот автомобил во Франција е... јапонски!

Најпроизведуваниот автомобил во Франција е… јапонски!

Многумина веројатно мислат дека најпроизведуваниот автомобил во Франција е од француска марка, но се испостави дека ова е грешка.

На врвот на листата на автомобили „Made in France“ за 2022-ра година е „Toyota Yaris Cross“ со 161.508 единици составени во француската фабрика на јапонската марка.

Четвртата генерација на „Yaris“ е автомобил на кој јапонскиот производител многу се потпира и игра голема улога во производството на француска почва. Се произведува во фабриката Онаинг-Валенсиен, каде што е на прво место меѓу сите модели на „Toyota Motor Manufacturing France“ (TMMF).

Вкупно 255.000 возила излегоа од производните линии на „TMMF“ во минатата година, само 7.000 помалку од рекордот на сите времиња поставен во 2007-ма година (262.000 возила). За оваа година, „Toyota“ постави цел да произведе 280.000 возила во фабриката, во која се вработени 5.000 луѓе.

„Toyota Yaris Cross“ се произведува во фабриката од јули 2021-ва година и е во топ 5-те најпродавани урбани „SUV“ модели во Франција. Генерално, „Yaris“ е најважниот модел за марката, барем на француска територија, а доказ за тоа е фактот што 7 пати во 10 години се наоѓа на прво место во рангирањето на најпроизведени автомобили во Франција за дадена година.

Малиот кросовер зазема значаен стратешки дел од понудата на „Toyota“ во Франција, што претставува две третини од вкупното производство на „Toyota“ во земјата. Јапонската марка се гордее и со фактот дека 95% од произведените единици на моделот се хибриди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП