28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдравствените предности на тофу сирењето

Здравствените предности на тофу сирењето

Оваа намирница е извор на енергија, a има само малку калории…

Тофу сирењето е намирница богата со протеини, но сиромашна со натриум, холестерол и калории.

Се подготвува на сличен начин како и останатите сирења, но нејзината главна состојка е сојата.

Една од здравствените предности на тофу сирењето е тоа што е погодно за секоја диета.

Тофу сирењето ќе ви ја обезбеди сета потребна енергија. Освен тоа, има малку калории и низок процент на холестерол, и не содржи заситени масти.

Тофу сирењето има способност да ги апсорбира зачините и маринадата. Доколку одлучите сами да направите тофу, за да добиете посилен вкус, отстранете што поголемо количество на вода од сојата.

Тофу сирењето е богато со протеини, железо и калциум. Содржи билни изофлавоноиди, кои се покажаа делотворни во спречувањето на рак.

Исто така, тофу сирењето содржи и важни аминокиселини кои не можат да се синтетизираат од други соединенија во човечкото тело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП