16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го намали увозот на нафта и природен гас во 2022-ра

Кина го намали увозот на нафта и природен гас во 2022-ра

И покрај растот на крајот на годината, генерално, Кина ја завршува 2022-ра година со помал увоз на нафта. Ова се случува втора година по ред, пишува „Reuters“.

Лани во земјата биле увезени 508,2 милиони тони нафта или 10,17 милиони барели дневно. Ова е за 0,9% помалку отколку во 2019-та година.

Податоците на царинските органи покажуваат и дека увозот на природен гас, преку цевководи и течен гас, достигнал 109,25 милиони тони, што е намалување за 10 отсто во однос на 2021-ва година, покажуваат податоците на царинските органи во земјава. Основата на ова намалување е намалениот откуп на течен гас во минатата година.

„Reuters“ потсетува дека во 2021-ва година кинеските власти го пријавиле првиот пад на увозот на нафта во последните две децении. Во 2020-та година Кина добиваше рекордни 10,8 милиони барели нафта дневно. Сепак, испораките сега опаѓаат поради намалената побарувачка за горива што ја пријавија рафинериите во земјата во поголемиот дел од годината. Во октомври, ситуацијата се промени откако Пекинг почна да ги олабавува ограничувањата околу коронавирусот и ја поддржа индустријата.

Така, во декември дневниот увоз достигна 11,3 милиони барели, што е за 4% повеќе во однос на податоците за претходниот декември. Според „Reuters“, државните рафинери купуваат нафта од Саудиска Арабија по пониска цена од официјално објавената. Кина е една од ретките водечки економии кои продолжуваат да купуваат руска нафта, која исто така е достапна со голем попуст на пазарот, но во декември нарачките беа помали бидејќи Пекинг сакаше да навигира како да продолжи со ограничувањето на руската цена на нафтата од страна на Западот.

Независните рафинерии во Кина во декември се свртеа кон иранската нафта, која исто така е достапна со голем попуст.

Извозот на гориво од Кина во декември достигна 7,7 милиони барели дневно, што е највисоко ниво од април 2020-та година. Сепак, за цела 2022-ра година, извозот на горива, дизел, бензин, воздухопловно гориво и слично, е намален за 11% на 53,6 милиони тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП