19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците повторно штрајкуваат

Грците повторно штрајкуваат

grcija6

Бројни јавни служби во Грција, меѓу кои учители, полициски службеници, медицински персонал – не работат од изутринава, тие стапија во 48-часовен штрајк против плановите за отпуштање.

Службениците во јавниот сектор во Грција денес повторно, втор пат во текот на една недела, стапија во штрајк против големите реформи во јавниот сектор кои ги одредија меѓународните кредитори.

ADEDY, главниот синдикат на јавниот сектор кој ги организираше протестите, соопшти дека владините напори да се намали јавната управа која брои 600.000 лица е „најнемилосрдниот план“ на укинување на работничките права.

Челниците на ЕУ, Европската централна банка (ЕЦБ) и на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) оваа недела започнаа нова ревизија која ќе биде одлучувачка за деблокадата на третата транша помош вредна милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП