19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes GLE“ за 2023-та го имаше своето деби (ФОТО/ВИДЕО)

„Mercedes GLE“ за 2023-та го имаше своето деби (ФОТО/ВИДЕО)

„Mercedes“ го претстави „GLE“ за новата моделска година, а со тоа и некои новости.

Обновени се и двете верзии, стандардниот „GLЕ“ и „GLE Coupe“. Најголема новина е електрификацијата на целата гама со зголемување на моќноста, а понудата ја сочинуваат „лесни“ хибриди, бензинскиот „GLE 450“, како и дизелите „GLE 300d“ и „GLE 400d“.

3.0-литарскиот бензинец произведува 381 ks и 500 Nm, додека дизелските опции се 2.0-литарски со 269 ks и 550 Nm и 3.0-литарски со 367 ks и 750 Nm.

Се нудат и два „plug-in“ хибриди, и тоа „GLE 400e“ со бензински мотор од 2,0-литарски со 252 ks и „GLE 350de“ со 2,0-литарски дизел мотор од 197 ks.

Ним им се спојува електромотор од 100 ks и 440 Nm, кој овозможува чисто електричен досег до 105 km.

На врвот на гамата се верзиите „AMG“. Послабиот „GLE 53“ доаѓа со 3.0-литарски бензински мотор, а вкупно 435 ks и дополнителни 22 ks од интегрираниот стартер-генератор (ISG).

Помоќниот „GLE 63 S“ има 4.0-литарски V8 мотор под хаубата со 612 ks (+22 ks). Вториот забрзува до 100 km/h за само 3,9 секунди.

Покрај електрифицираните погони, моделите „AMG“ добиваат и ревидирана суспензија.

Кога станува збор за визуелните иновации, тие се најзабележливи на предната страна.

Добрите познавачи на ликот и делата на „Mercedes“ сега ќе ја забележат хоризонталната лента на маската изработена во сегменти, како и хромираниот раб на поголемите доводи.

Светлата однадвор се идентични, но носат нова технологија.

Во кабината новина се однесува на воланот кој добивал команди за управување со дигиталниот кокпит, како и мултимедијалниот систем.

И во внатрешноста има нови детали во хромираната завршница, пред се на вентилационите рамки.

Да го споменеме и „Off-Road Engineering Package“, кој покрај зголеменото растојание и дополнителната заштита, носи дополнителни опции за помош при возење надвор од патот.

Продажбата на моделот од 2023-та година ќе започне во јули оваа година, а цените сѐ уште не се објавени. Во секој случај, сметајте на тоа да биде повеќе, ако не поради инфлација, тогаш поради побогата опрема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП