19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзит ја чини британската економија 100 милијарди фунти годишно

Брегзит ја чини британската економија 100 милијарди фунти годишно

Брегзит ѝ штети на британската економија за 100 милијарди фунти годишно во сè, од деловни инвестиции до способноста на компаниите да вработуваат. Ова се заклучоците од анализата на „Bloomberg Economics“ три години откако Велика Британија избра да ја напушти Европската унија.

Економистите Ана Андраде и Ден Хансон проценуваат дека економијата е 4% помала отколку што би можела да биде, инвестициите заостануваат, а недостигот на работна сила од ЕУ се зголемува. Според истражувањето, британската економија се „повредила себеси“ со гласањето за напуштање на ЕУ во 2016-та година. „

Главната акција е дека отцепувањето од единствениот пазар можеби ја погоди британската економија побрзо отколку што очекувавме ние или повеќето други аналитичари“, велат економистите.

Бројките ги побиваат уверувањата на премиерот Риши Сунак дека Брегзит е „огромна можност“ за Британија, која штотуку почнува да се реализира.

Студијата признава дека пресметувањето колку економско производство е изгубено поради Брегзит не е ниту „лесно ниту прецизно“, не само затоа што напуштањето на ЕУ се совпадна со превирањата предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

Перформансите на британската економија се повеќе се оддалечуваат од оние на останатите земји од Г-7 по нејзиното напуштање од ЕУ во 2016-та година. Ова делумно се должи на претпазливоста на компаниите за трошење и инвестирање надвор од ЕУ. Со 9% од БДП-то, инвестициите заостануваат зад просекот на групата Г-7 од 13%.

Друг проблем за економијата е недостигот на работна сила. Хансон и Андраде проценуваат дека Обединетото Кралство вработува 370.000 работници помалку отколку што би имало доколку земјата не го напушти единствениот пазар, бројка што само делумно се компензира со доаѓањето на државјани кои не се членки на ЕУ. Ова ги зголемува инфлаторните притисоци и го попречува потенцијалниот раст на економијата.

Недостигот на работна сила помогна да го поттикне најсилниот раст на платите во Британија досега, создавајќи дополнителни главоболки за Банката на Англија додека се бори со болно високата инфлација. Организацијата која стои зад друг извештај на оваа тема вели дека најголем недостиг на работници кои не се членки на ЕУ се во транспортот, како и во складиштата, малопродажбата и секторот „HORECA“.

„Условите на новиот систем, иако либерални, се премногу тешки за да се компензира загубата на слободното движење во нискоквалификуваните сектори на економијата, што доведе до недостиг на работна сила. Веројатно ќе има комбинација од повисоки плати и цени и помало производство, особено во секторите каде автоматизацијата е тешка“, посочуваат Спрингфорд и Портес.

Во однос на трговијата, сликата е помалку песимистичка, а економистите на „Bloomberg“ заклучуваат дека Брегзит не остава јасна трага.

„Ако некое време се чинеше дека трговските бариери наметнати со ЕУ во 2021-ва година создаваат клин меѓу Обединетото Кралство и трговските перформанси на Г-7, овој јаз повеќе не изгледа толку значаен“, пишуваат авторите.

„Сепак, податоците за трговијата беа предмет на методолошки ревизии, што потенцијално ја замати споредбата. На подолг рок, би очекувале трговијата да го сноси најголемиот дел од влијанието на напуштањето на единствениот пазар“, додаваат тие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП