6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШел оствари најголем профит во последните 115 години

Шел оствари најголем профит во последните 115 години

Нафтениот и гасен гигант „Шел“ објави рекорден годишен профит, откако цените на енергенсите значително се зголемија минатата година поради руската инвазија на Украина. Во 2022 година оствари профит од 39,9 милијарди долари, што е двојно повеќе од минатогодишната бројка и највисока во 115-годишната историја на компанијата.

Енергетските компании остваруваат рекордни профити по скокот на цените на нафтата и гасот што се случи за време на руската инвазија на Украина. Минатата година владата на Обединетото кралство воведе данок за енергетски профит за да помогне во финансирањето на проектот за намалување на сметките за гас и електрична енергија.

„Во април Британците веројатно ќе се соочат со 40% поскапување на енергенсите“

Тоа предизвика големи профити за енергетските компании, но и повисоки сметки за домаќинствата и деловните субјекти, а заедно со поскапувањето на храната, инфлацијата достигна највисоко ниво во последните 40 години. Би-би-си пишува дека Шел платиле даноци за 2022 година, но дека компанијата заработува само околу 5% од приходите во Велика Британија, додека остатокот се оданочува во други јурисдикции.

Извршниот директор на Шел, Ваел Саван, рече дека најновите резултати на компанијата „ја демонстрираат силата на диференцираното портфолио на Шел, како и способноста на компанијата да испорачува енергија до клиентите за време на нестабилниот период во светот“.

„Додека Британците веројатно ќе се соочат со 40% зголемување на цените на енергијата во април, владата им дозволува на компаниите за фосилни горива да остваруваат огромни профити со тоа што не воведуваат соодветен данок за неочекувани приходи“, рече Ед Милибанд од лабуристите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП