28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработени во МАНУ работат за минимална плата, а академиците добиваат над 1000...

Вработени во МАНУ работат за минимална плата, а академиците добиваат над 1000 евра!

По неколку месечни преговори во Македонската академија на науката и уметностите помеѓу стручните служби и академиците за зголемување на платите во Секретаријатот договор нема. За прв пат во историјата оваа значајна научна институција стапува во штрајк. Спорд информациите од синдикалните организации на МАНУ штрајкот е закажан за девети февруари.

Информациите до кои дојде Денар од извори на синдикатот велат дека просечната плата на вработените во МАНУ кои ќе штрајкуваат е 22 илјади денари, од кои најголем дел од нив се многу блиску до минималната плата. Од друга страна, академиците што треба да одлучат дали да им се зголемат платите на вработените во МАНУ имаат месечни примања во вид на додаток во висина од две просечни плати. Информациите кои ги добивме велат дека за една година само по основ на зголемувањето на просечната плата во Македонија додатокот на академиците им се зголеми за 7762 денари. Такво зголемување добиле повеќе од 40 академици. Но тоа не важи и за 35 вработени во Секретаријатит и стручните служби, тие не добија никакво зголемување. Синдикалците обвинуваат дека вработените преговараат повеќе од половина година, но за нив нема слух од спротивната страна.

Поради ова членовите на Синдикалната организација на Македонската академија на науките и уметностите во која членуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, на 9 февруари 2023 година ќе стапат во штрајк.

„Ова е првпат во 56-годишното постоење на МАНУ вработените во Секретаријатот и стручните единици да стапат во штрајк. Причина за штрајкот се недостоинствено ниските плати на вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, кои се далеку под просечната плата во РС Македонија, односно малку над минималната плата“, велат од ССМ.

Инаку, МАНУ е највисоката самостојна научна и уметничка институција во државата. Во најавениот штрајк нема да учествуваат академиците на МАНУ, како ни научните соработници вработени во истражувачките центри на МАНУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП