Во срцето на едно мало рамниште кое е опкружено со беспрекорни шуми и пејзажи, е сместен еден од најлуксузните хотели – „St. Moritz“.
Светлиот и совршено уреден ентериер „St. Moritz“ го прави еден од најдобро уредените во тој регион.
На располагање се 184 соби и апартмани, опремени во класичен, луксузен стил кој всушност се очекува од хотел со 5 ѕвезди.
Овој швајцарски хотел располага и со огромни ресторани и барови во кои можете да ги вкусите специјалитети и топли пијалоци, приготвени со огромно задоволство.
Ароматичните релаксации, масажи и топли бањи се уште една неодолива понуда за секој посетител.