27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто да направите ако добиете отказ од работа?

Што да направите ако добиете отказ од работа?

fired2

Добивањето отказ, за жал, може да му се случи секому. Може да се случи и без ваша лична вина. Може да биде заради вашиот различен став од оној на директорот, може да е поради намалување на буџетот и работните места и сл. Иако е страшно тешко, многу е важно да се потрудите во тие моменти да излезете на крај со новонастанатите околности со стабилни чекори, без депресивни излетувања и со реално согледување на ситуацијата. Еве неколку совети што може да направите кога веќе сте се нашле во таква ситуација:

Бидете нежни кон себе: Кога веќе се случил ваков несакан момент, не смеете да се обвинувате себеси. Бидете самокритични, но не претерувајте. Во ред е да се извлече поука од секоја ситуација, но во ваков момент, најмалку што ви е потребно е самите да си создавате психичка тортура.

Дајте си слободен период: Дури и кога финансиски сте во незавидна положба, потребно е да му дадете време на својот дух, на својата ментална и психолошка состојба, да се врати во нормала. Слободниот период може да трае од неколку дена до месец, но важно е вие да го поминете стресот и да се стабилизирате. Во овој период што ќе си го дадете никако не размислувајте за работата и за стресот кој сте го преживеале. Фокусирајте се на се друго: на убава книга, филм, кафе, пријатели или на…

Ново хоби: Почнете со некоја нова активност која ќе ви ги оттргне мислите од негативната ситуација. Пронајдете некое интересно хоби или некоја нова физичка активност: аеробик, јога, планинарење, медитација, читање книги, трчање. Постојат многу активности кои можете да ги практикувате и за кои не се потребни финансии.

Кафе и пријатели: Во ситуација после отказ, никако не смеете да се затворите дома. Многу е важно вашиот социјален живот да го држите на високо ниво. Тоа не само што ќе направи да се чувствувате подобро, туку и ќе ви помогне во запознавањето нови луѓе и отворање нови можности.

Подготовка за нова работа: Разгледајте ја својата кратка биографија и средете ја доколку е тоа потребно. Во овој момент тоа е првиот документ кој ќе му привлече внимание на вашиот нов работодавач, така што сигурно сакате да го отсликува најдоброто за вас! Откако ќе ја средите својата биографија, направете список на оние компании во кои би сакале да работите и кои соодветствуваат со вашето работно искуство. Проверете дали има конкурси за нови работни места, а и доколку нема, сепак аплицирајте, не се знае кога и каде ќе ви се насмевне среќата. Обично големите компании си имаат и свои бази на податоци каде ќе се најде и вашето име, па во моментот кога ќе имаат потреба од кадар како вас ќе ве контактираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП