3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Имерсија“: Странци масовно купуваат имоти во Грција

„Имерсија“: Странци масовно купуваат имоти во Грција

greece

Државјани на земји што не се членки на ЕУ масовно купуваат имоти во Грција, откако властите во Атина го донесоа законот за издавање визи за престој во земјата со рок на важност до пет години на лица што поседуваат недвижности на грчка територија, објави атинскиот весник „Имерсија“.

Ваквите визи се на добар пат да создадат суштински промени на грчкиот пазар за недвижнсоти, бидејќи сега илјадници куќи и станови може да станат сопственост на странци, тврди весникот.

Согласно законот, странци кои на територијата на Грција поседуваат или се во фаза на стекнување на недвижен имот во вредност од над 250.000 евра, имаат право да добијат визи за петгодишен престој во земјата.

Со вакво право ќе се стекнат и лица кои за период од најмалку 10 години под наем зеле хотелски или станбени објекти или туристички комплески, при што нивната наменина е поголема од 250.000 евра.

Грчките власти информираа дека првите визи за петгодишен престој веќе им се издадени на државјани на Русија, Украина, САД, Канада и Кина, кои поседуваат имот во Грција.

Врз основа на сопственост на имот барање за визи доставиле и државјани на Индија, Египет и Либан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП