17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина „купи“ 5% од Украина

Кина „купи“ 5% од Украина

kinaukraina1

Кина порaди се поголемата побарувачка за храна и се помалата достапност на земјиште одлучи да „купи“ три милиони хектари земја од Украина, на чија плоштина ќе изгради фарми.

Неверојатниот економски раст, зголемената куповна моќ и фактот дека кинеските села и ниви се бетонираат и се заменуваат со модерни населби, ја натераа власта да размислува за половина век однапред, па затоа е склопен договорот за закуп на земјиште со Украина, според кој во првата транша Кина ќе добие 100.000 хектари површина – површина слична на онаа која jа зафаќа Хонг Конг.

Во наредните години површината ќе се зголемува, за на крајот да достигне неверојатни три милиони хектари, односно пет проценти од вкупната површина на Украина и девет проценти од обработливата почва која таа земја ја поседува.

Кинеската „украинска фарма“ во 2063 година ќе биде голема како Белгија.

Според планот, дел од земјата ќе биде употребен за земјоделски култури, а дел за одгледување на свињи. Се што ќе биде произведено ќе биде продадено на кинеските државни компании по поволни цени.

Колку вреди овој договор помеѓу Кина и Украина сеуште е непознато, но се шпекулира дека станува збор за „невидена странска инвестиција“ и дека само почетниот дел е вреден околу 2,6 милијарди долари, со ветен кредит за развој на земјоделството во Украина.

Кина го постигна овој договор една година по истекот на рокот според кој Украина немаше право да отстапува дел од својата земја на странци, а кинеската инвестиција е убедливо најголемата инвестиција од овој вид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП