Припадниците на украинската армија биле целна група на американските експерименти со ХИВ-инфекција, кои се спроведуваат во Украина од 2019 година, според генералот Игор Кирилов, шеф за радијациска, хемиска и биолошка одбрана на руските вооружени сили.
„САД го спроведуваат најконтроверзното истражување од гледна точка на меѓународното право надвор од националната територија. Пример се експериментите поврзани со ХИВ-инфекцијата што американските специјалисти ги спроведуваат на територијата на Украина од 2019 година“, изјави рускиот генерал, пренесува „РИА новости“.

