24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија го намалува задолжувањето

Германија го намалува задолжувањето

germanija2

Германија во четвртиот квартал ќе позајми помалку пари од финансиските пазари, благодарение на јавните финансии, наведува Федералната финансиска агенција.

Во соопштението се наведува дека, благодарение на поволната ситација во врска со државниот буџет и фондовите за 2013 година, владата ќе го намали издавањето на обврзници за вкупно три милијарди евра во однос на првичните планови објавени во декември 2012 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Издавањето на шестмесечните државни должнички хартии планирано за декември ќе биде откажано, со што долгот во четвртиот квартал ќе биде намален на 54 од планираните 57 милијарди евра, а вкупниот долг во 2013 година ќе изнесува 247 наместо 250 милијарди евра, додава агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП