26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ повторно на врвот

Ѓоковиќ повторно на врвот

Новак Ѓоковиќ официјално се врати на првото место на АТП листата. По освојувањето на 10. титула на Австралија опен, Ѓоковиќ ја започна 374. недела на челната позиција.

Ѓоковиќ го држи првото место со 7.070 бодови и има 340 бодови повеќе од второпласираниот Карлос Алкараз.

Поразениот во вчерашното финале во Мелбурн, Стефанос Циципас е трет со 6.195, Каспер Руд четврти со 5.765, а Андреј Рубљов петти со 4.200 поени.

Рафаел Надал падна четири места и сега е шести со 3.815 бодови, 100 повеќе од Феликс Оже-Алијасим.

Во Топ 10 се и Тејлор Фриц, Холгер Руне и Хуберт Хуркач.

Ако Новак остане на врвот до 20. февруари, ќе го израмни рекордот на Штефи Граф од 377 недели на врвот, ако ги погледнеме двете конкуренции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП