19 април, 2024
ПочетнаСВЕТТурција ги предупреди граѓаните на можни напади во Европа и САД

Турција ги предупреди граѓаните на можни напади во Европа и САД

Турција ги предупреди своите граѓани за можни дискриминаторски напади во Европа и САД, по серијата исламофобични настани и откако Шведска, Норвешка и Данска издадоа предупредување до своите граѓани да избегнуваат големи собири во Турција.

Граѓаните кои живеат или патуваат во Европа или САД треба да бидат внимателни и да избегнуваат области со поголеми демонстрации, соопшти турското Министерство за надворешни работи, пренесува Хина, повикувајќи се на ДПА.

Неодамнешните исламофобични и расистички дејствија против Турција, извршени од групи поврзани со терористички организации, покажаа „опасно ниво на верска нетрпеливост и омраза во Европа“, се вели во соопштението.

Предупредувањата беа издадени набргу откако министерствата за надворешни работи на Шведска, Норвешка и Данска ги предупредија своите граѓани да избегнуваат големи собири во Турција поради неодамнешните тензии.

Тензиите меѓу Турција и некои европски земји, вклучително и Шведска, која сака да стане членка на НАТО алијансата, неодамна се зголемија поради протестите кои Анкара ги смета за исламофобични и насочени против Турција.

Екстремно десничарскиот данско-шведски политичар Расмус Палудан неодамна запали Куран пред џамија во Стокхолм, заканувајќи се дека ќе го прави тоа секоја недела додека Шведска не стане членка на пактот на НАТО.

Слични акции низ Европа во изминатите неколку недели предизвикаа бес во Турција.

Кукла на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше обесена за нозете во Стокхолм, а во Холандија беа искинати страници од Куранот.

Ердоган одговори дека Шведска не треба да очекува турска поддршка за нејзино приклучување во Алијансата.

Во мај минатата година Шведска и Финска поднесоа барање за прием во НАТО.

Со нивниот влез се согласуваат 29 земји-членки, но Турција ги кочи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП